Top Sport

„Ремонтада“ на „Луј втори“: Марсеј го доби лудото дерби со Монако со 4:3! (видео)

Марсеј е победник на „приморското“ дерби во француската Лига 1, победувајќи го тимот на Монако на гости со 4:3 и покрај тоа што губеа со 2:0.

Новото засилување на Монако, Висам Бен Једер ги „уништи“ Марсеј во првите половина час, откако прво во 17. минута стрелаше од пенал, за само девет минути подоцна да зголеми на 2:0. Но, тимот на Андре Вилас-Боаш не се предаде и успеа да израмни до полувремето преку Бенедето и Жермен.

Димитри Паје во 61. минута ги донесе гостите во водство, а Дарио Бенедето го постигна својот втор гол пет минути подоцна за водство од 2:4. До крајот на мечот, Кеита успеа да намали на 3:4, но поените заминаа за Марсеј.

Ова е трет триумф во низа за Марсеј по слабиот старт на сезоната за да се искачат на четвртото место со 10 поени, два помалку од лидерот ПСЖ, додека Монако останува без победа и со две ремија во првите пет меча од шампионатот.

ЛИГА 1, 5.КОЛО

Нант – Ремс 1:0

Сент-Етјен – Тулуз 2:2

Монако – Марсеј 3:4

Scroll to Top