Реал Бетис стигна до 3:2 победа во трилер-меч против Рајо Валјекано, во кој гостите успеаја да се вратат од 2:0 негатива, но Бетис победи со гол од пенал на 15 минути пред крајот.
Алекс Морено во 22. минута и Хуанми само две минути подоцна им донесоа големо водство на Бетис на пат до лесна победа, но Рајо успеа да се врати во игра. Ренди Нкета во финишот на полувремето намали на 2:1, пред Алваро Гарсија во 65. минута да израмни. На радост на преполниот „Бенито Вилјамарин“ во 75. минута беше досуден пенал, кој Вилијан Жозе лесно го реализираше.
По девет меча, Бетисе се на четвртото место со 18 поени, два помалку од трите тима израмнети на 20 поени (Реал Мадрид, Реал Сосиедад и Севилја), додека Рајо се седми со 16 освоени поени.