Бетис ја совлада Осасуна со 4:1 и се доближи само на бод до четвртопласираната Барселона во трката за пласман во Лигата на шампионите. Сепак, тимот од Севилја сега има одиграно и два натпревари повеќе од каталонскиот гигант.
Хуанми беше двоен стрелец за Бетис во првото полувреме, погоди во 34. и во 45.минута. Анте Будимир намали во 65.минута на 2:1, но Вилијам Карвалјо и Алекс Морено донесоа убедлив триумф.