Top Sport

Бетис со GTA филмска најава за Пецеља!

Фудбалските клубови во последно време се обидуваат да направат што е можно поспектакуларно најавување на новите засилувања, така што неодамна Бешикташ го најави Мичи Батшуаи како Бетмен, а сега Реал Бетис реши да го потврди враќањето на Херман Пецеља во тимот со видео инспирирано од видео-играта GTA.

Во стил на „GTA IV“, видеото на Бетис трае над 2 минути и ги имитира сите клишеа од популарната видеоигра.

Пецеља доаѓа од Фиорентина, а веќе настапуваше во клубот од Севилја од 2015 до 2017 година.

Scroll to Top