Евертон не успеа да стигне до првата победа над лутиот градски ривал Ливерпул по десет години во 236. Издание на „Мерсисајд“ дербито, откако на празниот „Гудисон парк“ одиграа само 0:0 против неимпресивниот тим на Јирген Клоп во меч во кој беше очигледно дека долгата пауза влијаела на формата на фудбалерите.
Ливерпул беше без Хендерсон, кој воопшто не беше во составот, додека Мохамед Салах остана на клупата, и ова резултираше со многу помалку шанси во шестнаесетникот на противникот.
„Црвените“ го кренаа темпото на почетокот на второто полувреме, но ниту тоа не беше доволно да се постигне гол, додека Евертон во 80-тата минута ја имаше најдобрата шанса, кога по ударот Калверт-Луин, Дејвис имаше силен шут, кој Гомез го пренасочи во пречката.