Ниту еден од 64.натпревари кои ќе се одиграат на Светското првенство во Русија нема да биде прикажан на државната телевизија во Италија, што е прв ваков случај во историјата.
Телевизиските права за Мундијалот ги купи „Медиасет“ зас ума од 78 милиони евра.
Основач на оваа компанија во 1987 година е поранешниот сопственик на Милан и поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони.
„Медиасет“ најави дека најважниот спортски настан во 2018 година на своите гледачи ќе им го понуди „ексклузивно и бесплатно“.
Репрезентацијата на Италија прв пат по 1958 година нема да биде учесник на светско првенство.