Торино пропушти голема шанса да го победи Јувентус, во градското дерби. Екипите од Торино одиграа 2:2 во 30.коло. Торино освои значаен бод во борбата за опстанок, додека Јувентус со овој кикс решиси и да нема шанси да ја одбрани титулата и до крајот на сезоната ќе треба да ја одбранат позицијата коха му обезбедува место во Лигата на шампионите.
Градското дерби со гол го отвори Кијеза во 13.минута. Потоа Торино направи пресврт со головите на Парагваецот Санабрија. Поранешниот играч на Бетис погоди во 27. и 47.минута.
Бод за Јувентус спаси Кристијано Роналдо во 81.минута. Португалецот го постигна 24 гол во сезоната.