Македонските фудбалски репрезентативци утринава отпатуваа за Тбилиси, каде утре ќе играат против Грузија во Лигата на нации. Во авионот ги немаше Иван Тричковски и Кире Ристевски.
Тричковски имал поголем хематом на левата натколеница, додека дефанзивецот Кире Ристевски има истегнување и хематом на адукторот на бутниот мускул.
Напаѓачот Тричковски поради повредата не настапи на мечот од првото коло против Ерменија (2:1), додека Ристовски го одигра целиот натпревар.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија од 2. коло во групата Ц од Лига на нации се игра на 8. септември од 18 часот во Тбилиси.
фото/ffm.mk