Top Sport

Би-би-си го избра тимот на деценијата во Премиер лигата

Британскиот сервис Би-би-си ги објави резултатите од анктетата во која читателите го избрале идеалниот тим во последната деценија, во Премиер лигата.

Многу работи се случија во изминатата деценија во Премиер лигата. кариерата ја заврши сер Алекс Фергусон, Арсена Венгер замина од Арсенал, Лестер успеаја да освојат титула, Манчестер сити стана „великан“ на англискиот фудбал.

Поради тоа Би-би-си решиле низ анкета да го изберат идеалниот тим. Идеалниот тим е составен од тројца играчи на Манчестер сити и Ливерпул, двајца од Челси и Манчестер Јунајтед и еден од Тотетнхем.

Интересно најмногу гласови добил напаѓачот на Манчестер сити Серхио Агуеро. За Аргентинецот гласале дури 69 отсто од учесниците во анкетата.

Во формација 4-3-3 вака изгледа тимот на изминатата деценија во Премиер лигата:

Голман: Давид Де Хеа (манчестер Јунајтед)

Одбрана: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Венсан Компани (Манчестер сити), Патрис Евра (Манчестер Јунајтед)

Среден ред: Нголо Канте (Челси), Стивен Џерард (Ливерпул), Кевин де Брујне (Манчестер сити).

Напад: Еден Азар (Челси), Серхио Агуеро (Манчестер сити), Хари Кејн (Тотенхем).

Scroll to Top