Top Sport

Вакви тренери немало во историјата на „Ел Класико“

Барселона и Реал, синоќа, по пауза од 17 години одиграа меѓусебен дуел без голови. Иако немаше голови тренерите на двата тима Ернесто Валверде и Зинедин Зидан ги запишаа своите имиња во историјата на „Ел Класико“.
Валверде е вториот тренер на Барселона што на седум натпревари во низа не запишал пораз од големиот ривал. Претходно тоа му успеало само на Пеп Гвардиола.

Од друга страна Зидан е единствениот тренер на Реал кој пет натпревари во низа не е поразен на „Ноу Камп“ во Барселона.

Инаку по синоќешниот натпревар Барселона и Реал останаа на првите две позиции во Ла Лига. Двете екипи досега освоиле 36 поени.

Scroll to Top