Германскиот репрезентативец Тимо Вернер во летниот преоден рок ќе го напушти Лајпциг и ќе се пресли во редовите на Челси. Водечкиот германски медиуми „Билд“ вчера објави дека Вернер е блиску да постигне договор со клубот од Лондон, а попладнево британскиот сервис Би-би-си обајви дека договорот е постигнат и дека се чека само Челси, Лајпциг и Вернер официјално да го потврдат трансферот.
Тимо Вернер е второто засилување за Челси во пресрет на новата сезона откако претходно за 40 милиони евра „сините“ го договорија Хаким Зијеш од Ајакс. Наводно следна мета на Челси ќе биде левиот бек на Ајакс Николас Таљафико чии трансфер ќе изнесува 30 милиони евра.
Вернер (24) долго време се поврзуваше со Ливерпул, меѓутоа за разлика од „црвените“ кои преговараа со Лајпциг, Челси решиле да ја активираат откупната клаузула во договорот на германскиот репрезентативец.
Роман Абрамович за Вернер ќе плати 54 милиони фунти.
Вернер оваа сезона има постигнато 25 гола, во понеделникот постигна хет-трик против Мајнц.
Chelsea have agreed a deal with RB Leipzig forward Timo Werner.https://t.co/ToI6UyhbXf pic.twitter.com/dGM1w8tCrS
— BBC Sport (@BBCSport) June 5, 2020