Top Sport

„Би му рекол на Тен Хаг да си ги спакува куферите“

Манчестер Јунајтед има катастрофален старт на сезоната во Премиерлигата. Два порази во првите два меча, дебакл на гостувањето кај Брентфорд.

Поранешниот англиски репрезентативец Габриел Агбонлахор, смета дека холандскиот стручњак веќе мора да размислува за заминување.

„Ова не е Манчестер Јунајтед. Да бев во клубот, по тој натпревар ќе рече: „Како знаеш и умееш Ерик, само спакувај си ги куферите“. Тој ги одработи комплетните подготовки на тимот, а почетокот на сезоната за Јунајтед е апсолутен хаос. Како фудбалерите да не се познаваат на теренот“, изјави Агбонлахор.

Scroll to Top