Top Sport

Бразилската сензација Беатрис Адад Маја против Симона Халеп во финалето во Торонто

Романката Симона Халеп се пласираше во финалето на женскиот тениски турнир од ВТА 1000 серијата во Торонто, Канада, со награден фонд од 2,7 милиони долари. Халеп славеше над Американката Џесика Пегула со 2:6, 6:3, 6:4.

Пегула лесно стигна до триумф во првиот сет со 6:2. Халеп имаше брз брејк во вториот сет, но продолжи со својата непредвидлива игра. Романката сепак покажа силни нерви во решавачките моменти и израмни во сетови, комплетирајќи го вториот со 6:3. Решавачкиот трет сет помина низ многу пресврти, но на крајот Халеп победи со 6:4.

Во другото полуфинале, сензацијата Беатрис Адад Маја од Бразил ја елиминираше 14.носителка, Каролина Плишкова од Чешка, со 6:4, 7:6.

Scroll to Top