Top Sport

Ибрахимовиќ ќе биде стартер против Сампдорија?

Златан Ибрахимовиќ очигледно нема да се „штеди“ при камбекот во Милан, откако италијанските медиуми тврдат дека ќе биде стартер во мечот против Сампдорија на 6 јануари во договор со тренерот Стефано Пиоли.

38-годишниот Швеѓанец потпиша договор и вчера го имаше своето деби при 9:0 победата во пријателски меч со Родензе (каде што имаше гол и асистенција), и сега според „Скај спорт Италија“, тој сигурно ќе игра на мечот со Сампдорија и тоа на местото на Кшиштоф Пјонтек, заедно со Сусо и со Хакан Чалханоглу во нападот.

Scroll to Top