Top Sport

Биелса на прославата на 100-годишнината на Лидс дојде во тренерки!

Тренерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса секогаш бил познат како чудак, и овој пример уште еднаш го покажува тоа – на прославата на 100-годишнината на клубот од Јоркшир, тој реши да се појави во своите тренерки, како да пристигнал директно од тренинг.

На прославата присуствуваа повеќе поранешни фудбалери на клубот, како Роби Кин, Норман Хантер, Вини Џонс, а гости беа и Гери Мекалистер, Гордон Страхан, Дени Милс и Ли Бојер на покана на претседателот на клубот, Андреа Радрицани.

Славеничката атмосфера не го натера Биелса да облече црн костум, каков што имаа повеќе од гостите. Лидс со победа утре против Бирмингем може да се искачи на првото место на табелата во Чемпионшип.

Scroll to Top