Top Sport

По скандалот со расистичките навивачи, Балаков си даде оставка

Бугарскиот селектор, Красимир Балаков си поднесе оставка, четири дена откако бугарските навивачи расистички ги напаѓаа англиските фудбалери при мечот од квалификациите за ЕП 2020 во Софија.

53-годишниот Балаков, членот на славната бугарска фудбалска генерација од 1990-тите, прво изјавуваше дека не слушнал расистички извици при 0:6 поразот, иако судијата на мечот двапати го прекинуваше мечот поради извиците и нацистичките поздрави.

„Главата“ на Балаков лета, откако оставка си поднесе и претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз (БФС), Борислав Михајлов, а полицијата влезе во седиштето на федерацијата. Покрај ова, бугарската полиција веќе уапси 12 осомничени за инцидентите на стадионот „Васил Левски“.

„Мојата одлука да си заминам нема никаква врска со барањето на премиерот Бојко Борисов. Моето трпение со репрезентацијата заврши. Тоа што се случуваше на трибините требаше да биде решено со безбедносни мерки. Бугарија не е расистичка земја“, изјави Балаков.

Scroll to Top