Иако неговото целосно име е Хуан Диего Молина, само неговата мајка не говика Стоичков. Се работи за шпанскиот фудбалер од средниот ред кој поминал во школата на Еспањол и кој го добил своето име Стоичков (кое му стои и на дресот), поради опсесијата која неговиот татко ја имал со бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков, кој најдобриот дел од кариерата го помина во градскиот ривал Барселона.
Шпанскиот Стоичков ја објасни ситуацијата во интервју за „Марка“.
„Мојот татко имаше бар во Барселона и еден ден на појадок дојде Христо Стоичков и тоа беше тоа. Мојот татко навистина беше негов навивач, но кога го виде лично, му кажал дека ако има син ќе го нарече Стоичков. На крајот, мојата мајка не му дозволи да добијам такво име, но сите ме викаа Стоичков и пред да почнам да играм фудбал. Сите освен мајка ми, секако“, вели Молина.
Тој е официјално фудбалер на Еспањол откако помина низ нивните фудбалски школи, но игра како позајмен фудбалер во тимот на Алкoркон, кој се натпреварува во втората шпанска лига.
„Беше чудно додека бев во Еспањол, бидејќи некои луѓе ми советуваа да не кажувам дека се викам така. Тоа е како да играш во Реал Мадрид и да се викаш Меси. Но, јас не сум толку агресивен фудбалер како Стоичков, иако имам дел од неговиот темперамент“, вели шпанскиот Стоичков.