Top Sport

Биелса останува на кормилото на Лидс – сината кофа е подготвена (фото)

Два дена пред стартот на новата сезона во Премиерлигата Лидс објави важна вест – Марсело Биелса уште една година ќе биде на клупата на овој клуб, но по навика ќе седи на сината кофа која му стана заштитен знак.


Аргентинецот на почетокот на сезоната 2017/2018 го презема кормилото на јоркширскиот клуб во Чемпионшип и со својата напаѓачка физиономија го направи еден од најатрактивните светски фудбалски колективи.

Лидс под негово водство се врати во ПЛ по цели 16 години и во минатата сезона заврши на 9. позиција во елитата.

„Од моја гледна точка Лидс е неверојатен клуб. Не наоѓате често таков клуб кој толку многу инвестира во напредок и во иднина. Мислам дека и најдобрите светски тренери би го почитувале сето она што клубот го поседува во вид на организација, структура, навивачка поддршка“ смета Биелса.

Првиот овосезонски предизвик за Лидс е во сабота од 13.30 часот, гостуваат на „Олд Трафорд“ во првото коло против Јунајтед.

Scroll to Top