Младиот француски фудбалер Дајот Упамекано (21) решил да остане во Бундеслигата. Кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен. „Билд“ пишува дека Баварците го договориле неговиот трансфер од Лајпциг.
Упамекано има договор со Лајпциг до јуни 2021 година, а Баерн не сакале да ја платат откупната клаузула од 60 милиони евра, бидејќи наредното лето можат да го добијат бесплатно.
Според „Билд“ Баерн се договориле со фудбалерот, им преостанува само да се договорат со Лајпциг. Весникот пишува дека Лајпциг ќе прифатат 40 милиони евра како обесштетување.
Упамекано сезонава е еден од најдобрите играчи на Лајпциг, поради што медиумите го поврзуваа со Манчестер сити и Реал Мадрид. Сепак неговиот потпис на крајот го обезбеди Баерн.