Top Sport

„Билд“ ја повтори насловната од 2014, но сега со поинакво значење

Во Германија, елиминацијата во групи на Мундијалот во Русија, нормално, не беше прифатена добро, четири години по славната титула во Бразил.

Најтиражниот германски весник „Билд“ се реши за необична реприза на насловната од 10 јули 2014 година, кога Германија со 7:1 го „демолираше“ Бразил во полуфиналето.

„Без зборови“ беше тогаш насловот, а сега четири години подоцна, насловот одговара и по поразот од Кореја од 2:0 со кое е ставен крај на владеењето на актуелните светски шампиони. Двапати на насловната е Тони Крос.

Scroll to Top