Top Sport

Билд: За наследникот на Салах Ливерпул ќе издвои 60.000.000 евра

Мохамед Салах летово беше многу блиску до заминување од Ливерпул откако доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Египќанецот сепак остана на „Енфилд“, но и покрај тоа што има договор со Ливерпул до 2025 година, прашање е во кој преоден рок ќе го напушти клубот.

Во Ливерпул се свесни дека ќе останат без најдобриот играч и стрелец и започнаа да ги скаутираат потенцијалните засилувања.

Германскиот „Билд“, пишува наследникот на Салах ќе дојде од Борусија Дортмунд. Според овој извор Јирген Клоп сака да го донесе Холанѓанецот Даниел мален за сума од 60.000.000 евра.

Мален пристигна во Дортмунд во 2021 година од ПСВ за 30.000.000 евра и до оваа сезона не се истакна претерано. На седум натпревари во сите натпреварувања постигна четири гола со две асистенции и е најдобар играч на Борусија на почетокот на сезоната.

Вкупно за жолто-црните на 80 натпревари постигна 23 гола со 16 асистенции, додека за ПСВ на 116 настапи постигна 55 гола и 24 асистенции.

Scroll to Top