Top Sport

Украина, Англија, Шведска и Полска се побунија против одлуката на УЕФА

Во средата, УЕФА одлучи да им дозволи на младите руски фудбалери да се натпреваруваат со своите врсници под покровителство на Европската фудбалска асоцијација. Иако еден од условите е да учествуваат без национални симболи, односно без знаме и химна, Фудбалскиот сојуз на Украина се спротивстави на таа одлука.

Да потсетиме, Русија е суспендирана од сите натпреварувања поради војната со Украина, но во иднина руските кадети ќе можат да учествуваат на турнирите. Освен ако украинската акција не донесе резултати.

Имено, Украинската фудбалска федерација испрати писмо до сите членки на УЕФА, во кое бара да ги бојкотираат руските кадети. Како што пишува Би-би-си, Англичаните, Швеѓаните и Полјаците веќе јавно објавија дека нема да се натпреваруваат со руските селекции.

„Сметаме дека секој чекор кон реинтеграција на руските спортисти е опасен и дека овој ужасен тренд не значи ништо помалку од поддршка на руската терористичка држава и сите нејзини злосторства извршени врз Украина“, се наведува во споменатото писмо на ФС на Украина, кое било испратено до сите другите национални сојузи.

Scroll to Top