Славен Билиќ повеќе не е тренер на екипата од Саудиска Арабија, Ал Итихад. По само шест месец тој добил отказ на функцијата.
Клупските челници решиле да му врачат отказ веднаш по поразот (2:0) од Ал Хилал во првенството на Саудиска Арабија. На клупата на Ал Хилал седи сонародникот на Билиќ, Зоран Мамиќ.
Ал Итихад по 21 рунда во првенството на Саудиска Арабија се наоѓа на претпоследното место на табелата.
За поранешниот селектор на Хрватска, Ал Итихад беше петтиот клуб што во кариерата го предводеше како тренер на Хајдук Сплит, Локомотив Москва, Бешикташ и Вест Хем.
За негов наследник е именуван Хосе Луис Сиера.