Градоначалникот на Бергамо Џорџо Гори изјавил дека сите 40.000 навивачи што присуствувале на натпреварот Аталанта-Валенсија, одигран на 19 февруари во Милано, се заразиле со коронавирусот.
Тоа била „биолошка бомба“ која придонела вирусот да се рашири во северниот дел на Италија.
„Во тој период не знаевме што се случува. Првиот пациент во Италија е регистриран на 23 февруари. Но вирусот веќе циркулираше, 40.000 навивачи кои беа на „Сан Сиро“ без инфицирани. Никој не знаеше дека вирусот е меѓу нас. Многумина натпреварот го гледаа во групи, имаше многу контакти меѓу нив. Вирусот се пренесуваше од еден на друг“, рекол Гори.
Најголем број на навивачи што го следеле мечот биле од Бергамо. Овој град и регионот Ломбардија сега се меѓу најпогодените од коронавирусот во целиот свет.
Според најновите податоци во Италија има 69.176 заразени и 6.820 починати лица од вирусот КОВИД-19.