Top Sport

Бисерот на Арсенал најдобар стрелец во Франција

Француската Лига 1 лансираше уште еден напаѓач оваа сезона кој би можел да игра значајна улога во иднина.
Станува збор за младиот Англичанец, Фоларин Балогун кој во Рамс настапува како позајмен од лондонски Арсенал.

Момчето на кое немаше место во редовите на „топчиите“ моментално е најдобар стрелец во Лига 1.

Со хет трик, Балогун, му донесе пресврт на Рамс против Лориен од 0:2 до 4:2 и стигна до својот 14. гол сезонава, на 19 настапи.

Двајца од најскапите фудбалери во светот, Килијан Мбапе со 13 и Нејмар да Силва со 12 се зад него. по 12 голови имаат постигнато Џонатан Дејвид (Лил), Александер Лаказет (Лион), Висам Бен Јадер (Монако) и Темас Мофи.

Само Ерлинг Халанд (25) и Хари Кејн (16) постигнаа повеќе голови од него во сите лиги на „петката“ во Премиер лигата.

Балогун има 21 година, продукт е на академијата на Арсенал, а иако е роден во Њујорк, ги поминал сите младински селекции на Англија.

Scroll to Top