Англиски „Гардијан“, објави листа од 60 најталентирани фудбалери од целиот свет, меѓу нив се најде и бисерот на Шкендија, Дашмир Елези.
Во текстот со наслов „Следна генерација – класа 2004“, Елези е опшиан како брз и агилен фудбалер кој игра подеднакво добро и со левата и со десната нога.
„Ја носи деветката, но повеќе му лежи кога игра на крилните позиции, или како втор напаѓач – игра добро со двете нозе. Брз, агилен, интелигентен кога игра без топка, уживање е да се гледа. Поседува одлична техника, опасен е кога оди во транзиција. Дебитираше на 16-годишна возраст и веднаш се запиша во листата на стрелци. Оттогаш има одиграно 30 натпревари за клубот, постигнал седум гола. Може уште да напредува во играта“, го опишал Елези за „Гардијан“, Александар Холига.