Мизеријата на германскиот гигант Шалке продолжи и во саботата, откако Вердер Бремен, клуб за кој се мислеше дека е дефинитивно отпишан во борбата за опстанок, стигна до 1:0 победа, оставајќи го клубот од Гелзенкирхен со дури 11 меча без победа!
Ова е четврти пораз во четири меча по рестартот на Бундеслигата за тимот на Давид Вагнер, чие место на клупата на клубот е речиси неоддржливо.
Човек на одлука беше Леонардо Битенкорт, кој во 32. минута со фантастичен гол по асистенција на Милот Рашица донесе водство за „зелените“, кои и покрај трите поени остануваат претпоследни со 25 поени, три од зоната на испаѓање. Шалке ја имаше иницијативата во второто полувреме, но не успеа барем да израмни, со што паднаа на 10. место со 37 поени.
Amazing GOAL!#Schalke 0-1 Werder #Bremen (32’ #Bittencourt) pic.twitter.com/q4OIgZ62NU
— Flash Spor GOAL TV (@fsgoaltv) May 30, 2020
Гостите беа поусшени уште во два саботни натпревари – Хофенхајм со минимални 1:0 славеше кај Мајнц, додека Ајнтрахт Франкфурт направи пресврт и изненади на гости против Волфсбург, со 2:1 победа. Херта ја оправда домашната предност и со 2:0 го победи Аугзбург за да се искачи на 9. место на табелата пред Шалке.
БУНДЕСЛИГА, 29.КОЛО
Херта Берлин – Аугзбург 2:0
Мајнц – Хофенхајм 0:1
Шалке – Вердер Бремен 0:1
Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт 1:2
Баерн Минхен – Фортуна Диселдорф 18.30 ч.
ШАЛКЕ – ВЕРДЕР
ХЕРТА – АУГЗБУРГ
МАЈНЦ – ХОФЕНХАЈМ
ВОЛФСБУРГ – АЈНТРАХТ