Top Sport

Бизарна случка во Германија – играч кој не беше во игра направи пенал (видео)

Во меч од втората германска Бундеслига помеѓу Кил и Бохум се случи едно од најбизарните доделувања на пенал во историјата.

Резервата на тимот на Кил, Михаел Ебервајн, се загреваше зад голот, а по еден напад на Бохум ја „сопре“ топката со нога. Судијата процени дека бидејќи топката не ја имаше поминато линијата кога тој ја допре, доби жолт картон и беше досуден пенал за Бохум.

Силвере М’Буси го постигна голот од пенал за израмнување на 1:1, но за „среќа“ на домашниот тим, тие до крајот на мечот стигнаа до 2:1 победа.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');