Босанскохерцеговскиот фудбалер на Лацио, Сенад Лулиќ имаше навистина „легендарно“ промашување на дуелот од Лига Европа против кипарскиот Аполон.
Во финишот на натпреварот, додека Лацио водеше со 2:1, но уште ја немаше осигурано победата, Лулиќ доби совршена топка и се најде сам пред голот на гостите, но премногу размислуваше и на крајот резултатот остана 2:1.