Top Sport

Бјелица е четвртиот тренер на Динамо Загреб оваа сезона

Ненад Бјелица е новиот тренер на Динамо Загреб, и четврти стручњак што ќе седне на „жешката“ клупа на „Максимир“.

Никола Јурчевиќ беше сменет откако ја освои титулата со „модрите“, по што Бјелица во вторник допатува итно од Австрија и веднаш се договори со клубот.

Бјелица е четврти тренер за една година во Динамо – во текот на летните подготовки беше сменет Иваило Петев со Марио Цвитановиќ, кој доби отказ по сензационалниот пораз од 4:1 во март. Јурчевиќ од друга страна доби само 65 дена на клупата и нанижа четири порази во 10 натпревари. Бјелица од 2016 беше тренер во полскиот Лех, пред во средата да биде сменет по низата лоши резултати.

Фото: ЕПА

Scroll to Top