Top Sport

Бланка Влашиќ во „војна“ со менаџерот на Евертон

Дејвид Ансворт имаше лош старт како преоден менаџер на Евертон, откако „карамелите“ загубија со 2:0 од Лестер, и веднаш потоа го навлече бесот на поранешната хрватска светска шампионка во скок во височина, Бланка Влашиќ.

Ансворт, изненадувачки, реши на мечот со Лестер да не го стави во игра 20-годишниот напаѓач Никола Влашиќ, инаку помлад брат на Бланка, откако доби незгоден удар при поразот од Арсенал во претходниот меч.

Бланка Влашиќ вели дека тој не е повреден, објавувајќи го тоа преку социјалните мрежи.

„Да ја решиме дилемата. Влашиќ не е повреден“, напиша Влашиќ на својот Твитер профил.

Спортот е во крвта на семејството Влашиќ – таткото на Бланка и Никола, Јошко Влашиќ е актуелен хрватски рекордер во десетобојот, и го освои златниот медал на Медитеранските игри во 1983 година, по што беше тренер на Бланка. Мајката на Бланка, Венера е наставник по физичко воспитание и поранешна југословенска шампионка во крос кантри скијање.

 

Scroll to Top