Јакуб Блашчиковски си замина од Волфсбург за да се приклучи на својот клуб од младоста, Висла Краков и во исто време го спаси тимот од банкрот.
Висла има сериозни финансиски проблеми и Блашчиковски ќе даде околу 300.000 евра од своите пари за да можат да се исплатат заостанатите плати и Висла да ја врати лиценцата за настап во полската лига
Сепак, 33-годишниот ветеран ќе добива плата од тимот за шестмесечниот договор од само 500 злоти (околу 100 евра) односно апсолутниот минимум. Популарниот Куба оди понатаму и овие пари ќе ги донира за билети за мечевите на Висла на локалното сиропиталиште.
Блашчиковски, кој во кариерата има две титули од Бундеслигата, веќе дебитираше за својот старо-нов тим, во пријателски меч со Гарбарнија Краков, кога одигра 45 минути пред да биде заменет од тренерот Мациеј Столарчик.
? Kuba Błaszczykowski podpisał półroczny kontrakt z Wisłą. Otrzyma najniższą możliwą pensję dla piłkarza zawodowego, czyli 500zł netto. Kuba całość tej kwoty przekazywał bedzie na bilety na mecze Wisły dla Domów Dziecka??????
Prezentacja jutro.
— Tomasz Włodarczyk (@wlodar85) February 7, 2019
Kuba returns to Poland… pic.twitter.com/2K9gcin2Cd
— James Montague (@JamesPiotr) January 19, 2019