Top Sport

Блатер: Како може да верувате на жена како Хоуп Соло

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер вели дека е тешко да и се верува на поранешната голманка на американската репрезентација Хоуп Соло, која го обвини за сексуален напад, велејќи дека нејзините обвинувања се „апсурдни“.

Соло изјави дека Блатер ја грабал при доделувањето на „Златната топка“ во 2013 во Цирих, и Блатер првпат самиот одговори на обвинувањата. Блатер, кој двапати беше претседател на ФИФА од 1998 година, во 2015 доби суспензија од ФИФА поради исплатата на 2 милиони франци до тогашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, кој исто така е суспендиран.

„Тоа е апсурдно.  Само погледнете го нејзиниот живот и ќе забележите дека тоа се аспурдни обвинувања. Не сум јас тој што треба да ги кажува нејзините тешкотии во животот и зошто дошло до нив. Нема кредибилитет да кажува такво нешто“, изјави Блатер.

Соло беше уапсена за домашно насилство во 2014 година, и иако обвинувањата беа отфрлени, неколку месеци подоцна беше суспендирана од американскиот тим поради апсењето на нејзиниот сопруг. Таа подоцна изјави дека побарала психолошка помош за проблемите со насилството и бесот. Минатата година, Соло отслужи шестмесечна суспензија за критикување на противниците за време на Олимписките игри во Рио. Оттогаш таа нема играно поради повреда.

Хоуп Соло: Блатер сексуално ме злоупотреби!

Scroll to Top