Top Sport

Блатер: Саркози интервенираше кај Платини, така Катар го доби Светското првенство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, смета дека Катар не требало да ја добие организацијата на Светското првенство. Катар на контроверзен начин го доби СП, за ова сценарио тој го обвини екс-претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

„Да не интервенираше Саркози (поранешен француски претседател) кај Платини, Катар никогаш немаше да ја добие организацијата на Светското првенство“, рекол Блатер за „Ле Монд“ и нагласил.

„Прв пат политичка одлука да влијае врз носењето на фудбалска одлука“.

Овие обвинувања Платини експресно ги отфрли.

„Ова е омраза и клевета. Доста беше. Пет години Сеп Блатер ги повторува овие лаги. Мислев дека со тек на годините ќе стане попаметен и дека ќе ја открие вистината. Тоа што го тврди тој е целосна лага“, порачал Платини.

Scroll to Top