Top Sport

Суспензија за Леброн Џејмс

НБА лигата експресно ги соопшти казните за инцидентот што се случи на натпреварот во Детроит, помеѓу Пистонс и ЛА Лејкерс.

Леброн Џејмс, направи хаос кога без топка, со намера го удри во лицето центарот на Детроит, Ајзеа Стјуарт.

Џејмс доби суспензија од еден натпревар. Тој ќе го пропушти вечерашниот дуел со Њујорк Никс.

Стјуарт нема да игра два натпревари. Центарот доби осум конци, а казната е поголема од онаа на Џејмс, поради неспортското однесување и обидот да предизвика тепачка.

Scroll to Top