Top Sport

Лејкерси со звукот на сирената победија во Далас

ЛА Лејкерс изборија драматична победа над Далас Маверикс 107:104. Неочекувани херои добија „езерџиите“ на гостувањето кај Далас, во чии редови поради повреда го немаше Лука Дончиќ.

Вејн Елингтон, на две секунди до крајот погоди тројка со која обезбеди продолжение на натпреварот, а во продолжението точка на натпреварот, исто така со тројка, стави Остин Ривс.

Најефикасни во тимот на ЛА Лејкерс беа Леброн Џејмс со 25 и Расел Вестбрук со 24 поени. Далас го предводеше Рик Брансосн со 25 поени.

Резултати: Кливленд-Хјустон 124:89, Орландо-Атланта 99:111, Филаделфија-Мајами 96:101, Милвоки-Индијана 114:99, Оклахома-Њу Орлеанс 110:113, Сан Антонио-Шарлот 115:131, Денвер-Минесота 107:124, Портланд-Мемфис 103:113, Сакраменто-Вашингтон 119:105, Јута-ЛА Клиперс 124:103.

Scroll to Top