Дани Олмо постигна два гола за две минути за да покаже дека РБ Лајпциг не згрешија кога го донесоа од Динамо Загреб за гостинска 2:0 победа на тешкото гостување кај Хофенхајм со кое се зацврстија на третото место на табелата со 62 поени, еден зад Борусија Дортмунд и големи осум зад лидерот Баерн Минхен.
Олмо постигна два речиси идентични гола во 9. и 11. минута, уште еднаш покажувајќи дека е умна инвестиција на Јулијан Нагелсман, кој славеше над својот поранешен клуб. За одбележување е и несфатливото промашување на Тимо Вернер при крајот на првото полувреме, во ситуација во која беше сам пред домашниот голман.
Хофенхајм со првиот пораз по четири меча останува на седмото место со 43 поени.
Timo Werner what a player !!!! Gutted Arsenal didn’t sign him ????pic.twitter.com/Fo8x9nY6LY
— London FC (@Genevagalaxy) June 12, 2020