Top Sport

Блиц-криг, Интер во финишот ја „скрши“ Фиорентина

Интер во натпревар полн со пресврти успеа да ја победи Фиорентина со 4:3 во првиот меч во новата сезона. Интер победија со два гола кои ги постигнаа во 87 и 89 минута.

Натпреварот на „Џузепе Меаца“ може да конкурира за еден од најдобрите во сеозната која штотуку почна.

Фиорентина преку Куаме го отвори резултатот во третата минута. Интер израмни во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел преку Лаутаро Мартинез.

Во 52 минута Интер стигна до предност со авто-голот на Чекерини.

Следува период на одлична игра на Фиорентина и два гола за пресврт и водство 2:3. Кастровили израмни во 57, а Кијеза постигна гол во 63 минута.

Интер сепак на крајот победија со блив-криг во самиот финиш. Во 87 минута израмни Лукаку, а две минути подоца Дамброзијо го постигна голот за победа.

Scroll to Top