Top Sport

ВАР го уништи Бетис против Реал

Фудбалерите на Реал Мадрид ја забележаа првата победа во новата сезона, во која ја бранат шампионската титула. Реал со пресврт победи кај Бетис 3:2.

Првата шанса на натпреварот ја имаа играчите на Бетис, во седмата минута Куртоа со брилијантна одбрана го спречи Санабрија да постигне гол. Во 14 минута од првата посериозна акција Реал стигна до предност преку Валверде.

По постигнатиот гол Реал се повлече, Бетис вршеше константен притисок кон голот на Куртоа и во само две минути стигнаа до пресврт. Во 35 минута израмни Манди, а две минути подцна за 2:1 погоди Карваљо.

Во второто полувреме најпрвин Емерсон си постигна авто-гол во 48 минута, а потоа на сцена стапи ВАР.

Емерсон во 67 минута доби црвен картон поради прекршокот врз Јовиќ. Главниот судија го исклучи играчот на Бетис откако ја прегледа снимката.

ВАР работеше и во 82 минута кога Реал доби пенал. Стрелец на голот беше Серхио Рамос.

Scroll to Top