Ѕвездата на Баерн Минхен, Џером Боатенг се наоѓа во центарот на вниманието на германските таблоиди, откако влезе во остра расправија со поранешната девојка, германската убавица Касја Ленхард, обвинувајќи ја за уцена и за уништување на претходната врска, по што таа го нарече „ѓавол“.
Ленхард тврди дека Боатенг постојано „лаже и мами“, одговарајќи му откако дефанзивецот на Баерн изјави дека разочаран со своето однесување и мора да ја понесе одговорноста за наштетување на неговото семејство.
Боатенг беше во 15-месечна врска со 25-годишната Ленхард, која е финалист на „Некст топ модел“ натпреварувањето и која го удри неговиот автомобил во бандера со алкохол во крвта во Берлин.
„Дадете ми време. Ќе се борам бидејќи никогаш не сум била толку измамена, искористена и излажана. Ја завршив врската поради неговите постојани лаги и неверност“, напиша Ленхард.
Таа дури го имаше тетовирано името на Боатенг на своите гради, но 32-годишниот фудбалер вели дека повеќе е загрижен за тоа што прави скандалот на неговата поранешна девојка Ребека Силвера.
„Како што знаете од медиумите, ја завршив врската со Касја Ленхард. Ќе одиме по посебни патишта. Тоа е за жалење, но за мене и моето семејство е вистинската одлука. Морав да повлечам линија. Се извинувам на сите кои ги повредив, посебно на мојата поранешна девојка Ребека и нашите деца. Разочаран сум од моето однесување и морам да ја преземам одговорноста. Касја стана моја девојка со уништување на претходната врска со Ребека и со уцена. Затоа останав со неа толку долго време“, вели Боатенг.