Top Sport

Бобан ги канел во Милан Модриќ и Матиќ

Репрезентативците на Србија и Хрватска, Намања Матиќ и Лука Модриќ би можеле да станат соиграчи во екипата на Милан, каде еден од спортските директори е Звонимир Бобан.

Великанот на италијанскиот и европскиот фудбал минува низ тежок период. По 12 одиграни натпревари во Серија Милан се на 14 позиција, а поради лошите резултати пред еден месец го сменија тренерот Марко Џанпаоло.

„Матиќ се наоѓа во плановите на Милан, бидејќи на овој состав може да му донесе физичка подготвеност и динамика. Модриќ е стариот сон на Милан. Неговата висока плата клубот би ја исплатил преку продажбата на дресови и влезници“, пишува „Газета дело Спорт“.

Милан ќе се обидат да го искористат јануарскиот преоден рок за ги реализираат трансферите бидејќи договорите на Модриќ и Матиќ со актуелните клубови Реал и Манчестер Јунајтед истекуваа по завршувањето на сезоната.

Доколку Реал, односно Манчестер Јунајтед не ги продадат во јануари, тогаш во јуни тие ќе бидат слободни играчи.

Scroll to Top