Top Sport

Бобан контра Колина и ФИФА за надополнувањето на времето: Нивното его е огромно

Директорот за професионален фудбал на УЕФА, Звонимир Бобан е бесен за одлуката на ФИФА за зголемување на просечната минутажа на мечевите со дополнителното време, посочувајќи го Пјерлуиџи Колина како главен проблем во ФИФА.

Вистинското време во кое топката е во игра се зголемува во послените години поради незадоволството со тоа што речиси третина од 90-те минути се неактивни, а на СП во Катар, ФИФА реши да интервенира со тоа што додаваше над 10 минути на полувремињата, нешто што продолжи и во некои лиги, посебно во Премиерлигата. Бобан не е задоволен.

„Ја донесоа оваа одлука сами, без да ги консултираат тимовите и играчите, додавајќи екстра време во најинтензивниот период од играта, во последните половина час. На Колина и на ФИФА не им е грижа, но фудбалот не е нивни, туку на тие кои го сакаат. Го познавам поранешниот судија Колина со години и сум соработувал успешно, но сега мора да го намали своето его за доброто на спортот. На натпреварувањата на УЕФА нема да ги следиме тие препораки, бидејќи се антифудбалски и насочени против здравјето на фубалерите“, вели Бобан.

Scroll to Top