Top Sport

„Делии“ со транспарент: Романците имаат тројца браќа – Дунав, шумата и Србинот

Навивачите на Црвена звезда се заблагодарија на романските навивачи за случувањата на мечот Романија-Косово со порака на нивниот дуел со Чукарички.

Романските навивачи на мечот со Косово, извикуваа „Србија, Србија“ и објавија транспарент на кој пишуваше „Косово е Србија“, по што косовските навивачи во 23. минута од мечот го напуштија теренот. Подоцна, мечот беше комплетиран со 2:0 победа за Романија, која е под истрага на УЕФА за политичките пораки.

„Романецот има тројца браќа: Дунав, шумат и Србинот“, пишуваше на транспарентот на „Делии“, со порака на романски: „Благодариме, браќа Романци“.

Мечот Романија-Косово прекинат поради „дискриминаторско навредливо навивање“

Scroll to Top