Top Sport

Бобан: Милан до врвот со логика, а не со бомбастични најави

Новиот директор на Милан, Звонимир Бобан вели дека враќањето на „росонерите“ на врвот на европскиот и светски фудбал ќе биде постигнато со логични избори, а не со бомбастични најави, посочувајќи дека во тимот не недостасува амбиција.

Поранешниот фудбалер на Милан ја напушти ФИФА за да се врати во Милано за да работи со Паоло Малдини и Иван Газидис во трансформацијата на клубот по добивањето на новите сопственици и фијаското кое им се случи со претходните газди од Кина.

„Ќе биде потребно време, со логични избори наместо со беспотребен огномет како што гледавме во последните години. Но, бидете сигурни ќе се вратиме на врвот. Не сакам тоа што не најавуваме спектакли да биде протолкувано како да немаме амбиции. Новите газди ’Елиот менаџмент’ донесоа стабилност и вистинска цел. Инаку немаше да бидеме тука јас и Паоло. Мораме да градиме вистински Милан, кој може да победува со напаѓачки фудбал и карактер. Дури и во овој период на реконструкција тимот мора да го почитува дресот на ’росонерите’“, вели Бобан во интервју за „Кориере дела сера“.

Додека Милан добија казна за настап во Лига Европа поради прекршување на финансискиот фер-плеј по години трошење и беа скромни на пазарот на играчи, нивните соседи Интер инвестираа многу и ги донесоа Николо Барела и Ромелу Лукаку.

„Го правиме тоа што е можно поради најразличните проблеми. Ќе биде потребно време и се обидуваме да не брзаме. Големите имиња не мора да значат дека се најдобар избор. Кој го знаеше Рикардо Кака кога дојде во Милан? Мислам дека нашите фанови на крајот ќе бидат задоволни“, додава Бобан.

Scroll to Top