Top Sport

Бобан мора да им врати на Милан 1.5 милиони евра

Хрватската легенда на Милан, Звонимир Бобан ќе мора да врати 1.5 милиони евра на „росонерите“ по жалбата на клубот кој претходно му исплати 5.375 милиони евра за отказот кој го доби.

Бобан беше отпуштен од позицијата директор на клубот во март 2020 година откако отворено го критикуваше водството, предводено од Иван Газидис за преговарањето со германскиот тренер Ралф Рангник додека Стефано Пиоли беше под договор. На крајот, од овој договор не испадна ништо и Пиоли остана тренер во Милано, но Бобан остана без работа.

Судската одлука во декември 2020 беше дека Милан ќе му исплатат 5.375 милиони евра за отказот, но денеска на апелациониот суд во Милано е прифатена жалбата на клубот и тој мора да врати 1.2 милиони евра за заработувачката од март 2020 до ноември 2022, заедно со судските трошоци. Бобан сега работи во УЕФА.

Scroll to Top