Top Sport

Бобан на шега: Понекогаш и јас се прашувам што барам во Милан

Звонимир Бобан во интервју со „Ла газета дело спорт“ ги објасни мотивите поради кои Милан го отпуштија Марко Џампаоло, но и самиот призна дека се чувствува одговорен за слабиот старт на сезоната на „новите росонери“.

Хрватската легенда на клубот беше еден од најголемите поддржувачи на Џампаоло пред само четири месеци, но сега смета дека Стефано Пиоли е вистинското решение, додавајќи дека целиот борд на клубот бил согласен дека Џампаоло мора да замине.

„Искрено, и јас се прашувам што барам во Милан. Само се шегувам! Среќен сум што се борам за клубот кој го сакам и не верувам дека сум арогантен. Шампионите секогаш имаат високо мислење за себеси, но јас веќе не играм. Работите се тешки за Милан во моментов, бидејќи секое отпуштање на тренер е пораз. Марко е добра личност и штета што не функционираше. Но, одлуката беше едногласна и направена за добро на клубот. Кога гледате дека не можете да направите повеќе, тогаш направете промена. Резултатите не зависат само од тренерот, тука се и фудбалерите и директорите. Сите сме виновни. Но, потребно ни е време. Ние сме најмладиот тим во Серија А и нема да престанеме да се бориме“, вели Бобан.

Scroll to Top