Top Sport

Навистина? Руски кошаркарски тим потпиша со робот!

Рускиот кошаркарски клуб Парма стана првиот тим на светот кој потпиша договор со робот, кој ќе биде тренер на тимот.

Клубот се договорил со компанијата „Промобот“, и сега машината ќе биде помошник на тренерот Казис Максивитис. Помеѓу обврските на роботот ќе биде собирање и анализа на податоци во текот на мечот и ќе нуди опции за замени и ќе нуди податоци со кои тренерот ќе може да направи подобра одлука. Роботот ќе биде присутен на сите домашни тимови на Парма.

„Клубот Парма и ’Промобот’ се два најпрепознатливи брендови на градот Перм, така што соработката беше сигурна“, вели претседателот на клубот, Сергеј Богуславски.

Scroll to Top