Top Sport

Кошмар за Солскјер – Погба не игра цел октомври?

Менаџерот на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер доби уште една лоша вест за своите повредени фудбалери, откако Пол Погба сигурно ќе го пропушти дербито со Ливерпул следниот викенд, а се стравува дека тој нема да игра цел октомври.

Погба ги „прескокна“ натпреварите на Франција во репрезентативната пауза, и замина во Дубаи на рехабилитација на топло време по повредата на стапалото, но нема да игра во дербито со Ливерпул, кое може да има огромно влијание на иднината на Солскјер.

По дуелот со лидерите во Премиер лигата, Јунајтед играат со Партизан во Лига Европа пред да гостуваат на Норич, а месецот го завршуваат со дуел од Карабао купот против Челси на „Стемфорд бриџ“.

Scroll to Top