Легендата на Милан и на хрватскиот фудбал – Звонимир Бобан во разговор за „Sport Week“ признава колкав е неговиот удел во враќањето на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“.
„Беше Бадник (24. декември) 2019 година. Ми заѕвоне телефонот, пишуваше Ибрахимовиќ. Се јавив и тој ми рече: `Честитам, само што потпиша со Златан`. Тој е уникатен, силен, добар, има личност силна колку цела екипа. Помалку е апсурдно во тој момент, за клуб кој освоил се што може да се освои, враќањето на 38-годишник да е клучна работа. Да ги доведевме Халанд или Мбапе ништо немаше да се промени. Ниту еден играч во светот не можеше толку многу да влијае на менталитетот како Ибрахимовиќ. Засекогаш ќе му бидам благодарен за тој повик и таа одлука“ раскажa Бобан.
Од повторното доаѓање на Швеѓанецот во Милано, „црвено-црните“ се разбудија од „зимскиот сон“, па клубот по долгогодишна пауза заигра во Лигата на шампионите, а сезонава се бори и за Скудетото.