Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов замина од романскиот клуб ФЦСБ, еден месец пред истекот на договорот. Тој спогодбено го раскина договорот откако стана јасно дека раководството нема намера да ја продолжи соработката.
Николов добил една плата од клубот и спогодбено ја потпишал клаузулата за раскин на договорот.
За македонскиот фудбалер има интерес од клубови од Унгарија и од Шпанија.